Уметничка акција во Скопје, посветена на лицата со Даунов синдром

Уметничка акција насловена „Допри ме“, денеска беше спроведена во центарот на Скопје. Активистите акцијата ја посветија на малечката Ембла, коментирајќи дека нејзиното отфрлање од средината, пред очите на јавноста, уште еднаш не’ потсети на нетолерантноста на сите нас кон она што е различно.

Активистите на своите тела носеа натписи „И јас имам Даунов синдром, те молам допри ме“. Тие се надеваат дека на овој начин ќе ја сензибилизират јавноста за овој проблем, барем малку придонесувајќи кон зголемување на толеранцијата кон различните.

„Интересен е податокот дека во рамките на денешната акциија која беше спроведена во центарот на Скопје во времетраење од неколку часа од околу 3000 минувачи кои поминаа во непосредна близина на активистите само поразувачки 3 отсто или нешто помалку од 100 луѓе остварија контакт односно ги допреа активистите“, велат организаторите на настанот.

По Скопје, деновиве акцијата ќе биде спроведена и во уште неколку градови низ Македонија.

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Spanja dhe Portugalia, kandidatura e përbashkët europiane për Botërorin 2030

Story i radhës

Разговори со Бугарија во духот на европските вредности, вели Ковачевски

Të fundit nga