Разговори со Бугарија во духот на европските вредности, вели Ковачевски

Разговорите на ниво на министерства за надворешни работи очекувам да бидат во духот на европските вредности, со почитување на двете држави и на достоинството на граѓаните и на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за овонеделната средба на ниво на МНР со Бугарија.

Ковачевски, посочи дека професионалци од МНР-та од двете страни ќе работат на изнаоѓање решенија за отворените политички прашања врз меѓународни стандарди кои потоа ќе бидат споделени и со јавноста.

Кога ќе имаат резултати во однос на нивните разговори кои ќе бидат на ниво да може да се смета дека се прифатливи, тогаш нормално дека и владите ќе ги разгледуваат, а ќе бидат споделени и со јавноста низ процедура и со институциите задолжени за нивно разгледување и евентуално усвојување, изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на ТИРЗ Штип.

Ковачевски, исто така, рече дека во однос на разговорите со Бугарија отворен е нов процес на разговори, кој се темели на прашања кои се однесуваат на реални теми кои практично ги афектираат сите граѓани и сите општествени процеси во двете држави.

– За таа цел после двете средби кои ги имавме со бугарскиот премиер и заедничката владина седница во Софија, беа договорени работни групи, во областа на економијата, инфраструктурата, образованието и културата, европските интеграции, нормално и Историската комисија продолжи да работи и тогаш рековме дека министерствата за надвореши работи на двете држави ќе работат на изнаоѓање решенија за политичките прашања кои се отворени меѓу двете држави, изјави Коавчевски. 

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Уметничка акција во Скопје, посветена на лицата со Даунов синдром

Story i radhës

Kacarska letër kryeparmentarit Xhaferi: Imediate zgjedhja e 4 gjykatësve të GJK-së

Të fundit nga