Сали: Има пациенти со ковид кои се жртви на пропаганда и теории на заговор

February 9, 2022
1 minut lexim

Тоа што го гледаме е добрата грижа на здравствените работници, вели министерот за здравство Беким Сали за состојбата во болниците каде се лекуваат пациенти со ковид-19.

„Гледаме пациенти кои се жртви на пропаганда, за која не е објасниво зошто се прави. Тоа се некои пропаганди за завери, злоупотреби.. Не можеме да лоцираме кој ги прави, ние ги развиваме политиките позитивни за справување со кризата. Пикот траеше две недели, забележуваме опаѓање на инфицирани, сега доаѓаме до фаза на хоспитализации. Бевме спремни за напливот. Поминаа три бранови, ова е четврти. Институциите знаат како да се справат, ние сме спремни. Немаме финално решение како да го решиме проблемот со вакцинацијата. Нашето општество има и отпор“, рече Сали во гостувањето на Канал 5 .

Тој вели дека пациенти се обидуваат сами да се лекуваат, без лекарска помош. Овој впечаток го добил од разговорите со ковид-позитивни пациенти во болниците кои ги посетил.

„Протокол за лекување постои и има. Протоколот е од професори на Клиниката за инфективни болести. Тој протокол е од кога се појавил вуханскиот сој, односно во 2019 година. Според тоа што јас го видов, тој протокол е обемен и детално напишан. Во периодот од две години тој е ажуриран“, додаде Сали.

Министерот во емисијата одговараше и на прашање од Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, кого го интересираше дали чувствува вина за 180 починати пациенти од коронавирус во последниот период.

„Можам да почувствувам одреден дел на вина поради тоа што сносам јавна одговорност за секој потег кој се прави од страна на сите здравствени работници. Истовремено, се чувствувам и доволно мотивиран да се справам со овој глобален проблем. Јас би побарал од опозицијата да апелираат за вакцинација, а помалку префрлање топка за чувство на одговорност или критики кои не се базирани на реалноста со која се соочуваме. И јас имам изгубено блиски роднини, нормално дека лошо се чувствувам. Но тоа не е причина да критикувам одредени лица, министер или лекар. Тоа е дополнителна причина да се справам со оваа ситуација“, рече Сали.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Pandemisë po i vjen fundi/ Silva Bino: Por vaksinimi duhet të vazhdojë

Story i radhës

Vetëm për të qëndruar kryetar, Sela po e shkatërron ASH-në!?

Të fundit nga

Pesë pyetje për 2025-ën

Ndërrimi i administratës në Shtetet e Bashkuara, me Donald Trump që merr përsëri drejtimin pas Joe Biden më 20 janar 2025, do të sjellë ndikime të rëndësishme në politikën amerikane dhe globale.
ShkoLartë