Погребана девојката од Радовиш која го загуби животот кај Сити Мол

January 22, 2022
1 minut lexim

Денес семејството, роднините, пријателите и граѓаните на Радовиш се простија од 24-годишната Викторија која го загуби животот во Скопје, откако во неа на пешачки премин удри 22-годишниот Ј.Ѓ.

Адвокатот Душко Јанковиќ претходно за медиумите изјави дека момчето по ударот во девојката, останал во автомобилот шокиран од настанот. При медицинскиот преглед тоа било потврдено, а како што рече адвокатот, момчето и натаму е во тешка психичка состојба.

Според Јанковиќ, обвинителството не мора да бара активен притвор, туку судската одлука можела да помине и со домашен притвор, имајќи предвид, како што рече, дека се работи навистина за многу младо момче кое не би влијаело врз сведоците од трагичниот настан.

Обвинителството бара притвор за 22-годишниот возач кој ја прегази девојката кај „Сити мол“

 

Таткото на момчето повредено во сообраќајката, најави правна битка, велејќи дека е убиена неговата Викторија и имало обид за убиство на неговиот син.

Детали за несреќата кај „Сити мол“: Има уште една жртва, повредено момче е пренесено во болница

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Maqedonia Veriore/ Moti gjatë ditëve të ardhshme

Story i radhës

Basha i përgjigjet akuzave të Berishës: Unë dhe PD jemi kundër projektit fantazëm të Portit të Durrësit

Të fundit nga

ShkoLartë