Осветлено детското катче во Паркот на бранителите во Драчево

Просторот наменет за детска игра во Паркот на бранителите во Драчево е осветлен.

Општина Кисела Вода во ова детско игралиште постави четири петметарски столбови со светилки кои ќе овозможат истото да се користи до подоцнежните часови.

-Ова детско катче е многу често посетувано од страна на локалното население. Во самиот комплекс има и клупи кои најчесто ги користат родителите, кои се придружба на најмладите. Со осветлувањето на просторот се зголеми комодитетот, но и безбедноста на посетителите. Интервенциите во подобрување на условите и креирање на нови детските катчиња, активно течат, велат од општината.

Во изминатиот период, Општина Кисела Вода темелно реконструираше две детски игралишта. Првото, лоцирано на улицата “Димо Хаџи Димов”, а второто во урбаната заедница 11 Октомври Бараки, во близина на булеварот “Борис Трајковски”.

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

MSH-Maqedoni: Janë hospitalizuar 576 pacientë me Kovid-19, ka 183 shtretër të lirë

Story i radhës

Ковачевски: Никогаш нема да ја заборавиме подадената рака на Бугарија во поплавите и големите шумски пожари во нашата земја

Të fundit nga