Ковачевски: Никогаш нема да ја заборавиме подадената рака на Бугарија во поплавите и големите шумски пожари во нашата земја

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Софија му ја врачи наградата „Достојни Бугари“ на пожарникарот Давид Галабов, како еден од добитниците на признанието, кој не го штедел сопствениот живот за да ги спаси животите на две мали бебиња од огнена стихија.

– Пожарникарот Галабов по вторпат ја добива оваа награда, а првиот пат ја добил заедно со своите колеги заради пожртвуваното учество во справувањето со поплавите од 2016 година во мојата земја, истакна премиерот Ковачевски на церемонијата на врачувањето на наградата.

Тој нагласи дека нашите граѓаните никогаш нема да ја заборават подадената рака на Бугарија и тогаш во 2016 година, но и лани кога нашата земја беше зафатена од големи пожари, за кои меѓу првите, помошта дојде од нашите соседи. Пријателска Бугарија и нејзините медицински и здравствени работници, додаде Ковачевски, покажаа исклучителна професионалност и во случајот на сообраќајната несреќа на автопатот „Струма” кога 45 наши сограѓани го загубија животот во стравичната трагедија.

– Ние никогаш нема да го заборавиме сочувството и помошта која тогаш беше пружена, посочи Ковачевски.

Тој им честиташе на пожарникарот Галабов и на сите добитниците на наградата и испрати порака на охрабрување за солидарност и помош како обврска да вратиме со добро кон заедницата.

Ковачевски заедно со бугарскиот премиер Кирил Петков, денеска по заедничката седница на двете влади во Софија, присуствуваше на манифестацијата на доделување на наградата „Достојни Бугари” која традиционално секоја година им се доделува на повеќемина бугарски граѓани кои оствариле големи остварувања и хумани дела за својот народ и за својата земја.

Премиерот Петков ова високо признание им го врачи на бугарските спортистки носители на златен медал на последните Олимписки игри во Токио, како и две деца што собирале средства за нивната болна мајка со продажба на лимонада на свој штанд.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Осветлено детското катче во Паркот на бранителите во Драчево

Story i radhës

Çuçi: Investimet në teknologji 5-fishohen, reformojmë mbikqyrjen e policisë, Vetting për postet drejtuese

Të fundit nga