d0bad0bed0bcd0b8d181d0b8d198d0b0 d0b7d0b0 d0bad0b0d182d0b5d0b3d0bed180d0b8d0b7d0b0d186d0b8d198d0b0 d19cd0b5 d0bed0b4d0bbd183d187d0b8 6201396e83b9a

Комисија за категоризација ќе одлучи дали Ембла ќе следи редовна настава

February 7, 2022
1 minut lexim

Триесетина родители, претставници на општинската власт и на Комисијата за заштита од дискриминација заедно го разгледаа случајот со Ембла, девојчето со Даунов синдром од Гостивар. По состанокот кој траеше повеќе од два часа и не беше отворен за новинарите се заборувало за настанатата ситуација и било заклучено девојчето да продолжи со следење настава преку инклузија, а во меѓувреме посебна комисија да направи нова категоризација.

По состанокот се обрати само градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари кој изнесе некои поединости, за кои, како што рече, даваат ново светло и правец кон наоѓањето решение.

– Од состаноците кои ги имав, со дефектолозите, психологот, учителката и со родителите произлезе дека родителите на девојчето инсистирале тоа да посетува настава со инклузија и тоа е овозможено. Годинава кај неа било забележано агресивно однесување и овој факт го потврдија речиси сите. Иако меѓу децата имало разбирање, сепак има некои од соучениците биле и повредувани. Освен Даунов синдром, Ембла има и форма на аутизам, што е потврдено и во извештајот од комисија која врши категоризација на вакви деца. За неа се обезбедени и посебни услови во училиштето. Сепак, некои од родителите искажеле загриженост за нивните деца. Како институција ќе побараме уште еднаш да се направи категоризација за Ембла, по што ќе се донесе конечен заклучок со препорака дали таа ќе следи настава преку инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби, тоа ќе се знае наскоро, рече градоначалникот Таравари.

Случајот со 11-годишно девојче предизвика внимание откако беше обелоденето дека родители на ученици од училиштето „Единство-Башкими” се незадоволни од нејзиното однесување и потпишале петиција тоа да не следи настава заедно со нив. Второто полугодие Ембла го започна со задоцнување и беше објавено дека има противење таа да следи редовна настава.

Во Гостивар денеска дојде и претседателот Стево Пендаровски и го посети семејството Адеми. Тој по средбата порача дека предрасудите се пречка во градењето еднакво и праведно општество.

ФОТО+ВИДЕО: Радост на лицето на Ембла, гостин и` беше претседателот Пендаровски

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

RENT A CAR

d181d0b5 d181d0b0d0bdd0b8d180d0b0d0b0d182 d0bfd0bed0b2d0b5d19cd0b5 d183d0bbd0b8d186d0b8 d0b8 d0b1d183d0bbd0b5d0b2d0b0d180d0b8 d0b2d0be 6201396a0885c
Story i mëparshëm

Се санираат повеќе улици и булевари во Скопје

babai iliri i reagon taravarit embla nuk eshte autike 62013cae0b7c6
Story i radhës

Babai Iliri i reagon Taravarit: Ëmbla nuk është autike!

Të fundit nga

ShkoLartë