Се санираат повеќе улици и булевари во Скопје

Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат секојдневно да ги санираат поголемите оштетувања на коловозите на булеварите и  на улиците со поголем проток низ Скопје.

Денеска ќе се изврши санација на ул. Ацо Шопов (Скупи), ул. Црногорска и ул. Лука Геров (до последна 22 во с. Волково) во општината Ѓорче Петров, бул. Борис Трајковски (правец од нас.Драчево кон нас.Пинтија), како и на бул.Теодосиј Гологанов каде што покрај санација на големите оштетувања ќе се нивелираат и шахтите кои долг период предизвикуваат поголеми штети на возилата на граѓаните.

Екипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ секојдневно се на терен и детектираат каде има потреба од итна санација на коловозот, но исто така се врши сондажа за потребата од дополнителна сообраќајна сигнализација низ градот која ќе ги намали сообраќајните незгоди и ќе помогне за подобра видливост на пешачките премини, информираат од Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Kjo është grupmosha e tetë viktimave nga COVID-19 në Kosovë

Story i radhës

Комисија за категоризација ќе одлучи дали Ембла ќе следи редовна настава

Të fundit nga