d0bad0bed0b2d0b0d187d0b5d0b2d181d0bad0b8 d181d0b5 d181d180d0b5d182d0bdd0b0 d181d0be d0bdd0bed0b2d0b8d0bed182 d188d0b5d184 d0bdd0b0 d0bc 61f8455ec0f22

Ковачевски се сретна со новиот шеф на Меѓународниот републикански институт во земјава

January 31, 2022
1 minut lexim

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, заедно со генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, попладнево се сретна со новиот директор на Меѓународниот републикански институт за Северна Македонија, Крис Бренан.

На средбата, како што соопшти Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, се разговарало за повеќе актуелни теми и поддршката на ИРИ во процесот на реформи за развој на демократијата во општеството.

Ковачевски му посакал добредојде на директорот Бренан, заблагодарувајќи му се за она што Институтот го има реализирано за земјава, но и заедно со СДСМ.

– ИРИ и за СДСМ и за Северна Македонија е долгогодишен сериозен партнер кој досега давал придонес во важни процеси како за институциите на државата, така и за СДСМ. Секој проект, истражување и препорака од ИРИ, за СДСМ носеле резултати и позитивно влијаеле врз функционирањето на партијата. Како партија, но и како Влада сериозно сметаме на капацитетите и поддршката на ИРИ во процесот на реформите кои се важни за нашето општество, порача Ковачевски.

Осврнувајќи се на актуелната политичка состојба, Ковачевски истакнал дека фокус на новата Влада е решавање на енергетската и економската криза преку ефикасни навремени мерки и политики, како и продолжување на евро-атланскиот пат.

– Успеавме да ја решиме кризата со топлинска енергија во Скопје, имаме одговор на глобалната енергетската криза преку максимална мобилизација на сите домашни производствени капацитети. Паралелно на тоа работиме на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, ликвидност на компаниите и економски раст. Оваа година ќе се посветиме на капитални инвестиции кои ќе креираат забрзан раст на економијата, посочи Ковачевски додавајќи дека сега не е време за предвремени избори, туку за поангажирана и поефикасна работа на сите полиња.

Директорот на ИРИ Бренан му го честитал мандатот на Ковачевски, изразувајќи надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

RENT A CAR

d0bcd0b5d0b3d0b0 d0bfd0b0d180d0ba d19cd0b5 d181d0b5 d0b8d0b7d0b3d180d0b0d0b4d0b8 d0bdd0b0 d0bcd0b5d181d182d0bed182d0be d0bdd0b0 d0b4d0be 61f845238aa99
Story i mëparshëm

Мега парк ќе се изгради на местото на доскорешната депонија во скопско Ново Село

meta i drejtohet qeverise degjoni me perulesi zerin e qytetareve te thjeshte shqiptaret meritojne dialog te sinqerte 61f845d4e9bbf
Story i radhës

Meta i drejtohet qeverisë: Dëgjoni me përulësi zërin e qytetarëve të thjeshtë, shqiptarët meritojnë dialog të sinqertë

Të fundit nga

ShkoLartë