Мега парк ќе се изгради на местото на доскорешната депонија во скопско Ново Село

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во емисијата „Топ тема“ најави дека на местото на доскорeшната депонија во скопско Ново Село ќе биде изграден мега парк. 

Тој посочи дека веднаш откако дошол на функцијата, започнал со реализација на капиталните проекти. Стојкоски кажа дека на терен има градежни активности, а со дел и дополнително ќе се стартува.

– Се трудиме капиталните инвестиции да не трпат. Веќе кажав, ние од сам старт почнавме со реализација на капиталните проекти кои ни беа ветени во програмата. Еден од нив е депонијата во Ново село која е исчистена. Покрај предвидените седум хектари, ние успеавме да исчистиме многу повеќе, околу 11 хектари. Дополнително успеавме да го санираме течението на реката Лепенец. И еве сега сакам да најавам пред јавноста, отпочнуваме со реализација на нов мега парк во Ѓорче Петров, на локацијата на поранешната депонија во Ново село. Дополнително имаме градежни активности, ќе стартуваме со изградба на нова атмосферска канализација, рече Стојкоски. 

Прашан како ќе се реализираат проектите, а со оглед дека Ѓорче Петров има наследен долг, Стојкоски вели дека има повеќе модули.

– Ние не можеме да се ослониме само на средствата од нашиот буџет, бараме и други извори на финансирање. Ги јакнеме капацитетите на Секторот за локален економски развој, бидејќи како општина сме поволни за меѓугранична соработка и веќе тераме проект за изградба на нова пречистителна станица во село Орман. Оваа година ќе аплицираме со нова твининг организација од соседните земји во тој дел. Имаме услови како општина да ги користиме  средствата од ИПАРД-компонентата, достапни ни се средства од Светска банка, така што, инфраструктурно ќе се насочиме да бараме средства за долгорочно финансирање од овие институции, додаде Стојкоски.

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Taravari përgjigjet nëse do të jetë kryetari i ri i Aleancës për Shqiptarët

Story i radhës

Ковачевски се сретна со новиот шеф на Меѓународниот републикански институт во земјава

Të fundit nga