Имунизацијата како услов за укинување на превентивните мерки, се преговара со „Фајзер” за набака за лекот против ковид-19

Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против ковид-19, но се уште единствен начин за излез од пандемијата и укинување на превентивните како носење маски, дезинфекција и дистанца, е зголемување на процентот на имунизација на населението.

Според министерот за здравство Беким Сали со ова темпо на имунизација, државата ќе се најде во ситуација пандемијата во светот да заврши, а кај нас да продолжи уште некој месец, со оглед дека во Данска и Велика Британија кои ги укинуваат мерките имаат процентот на вакцинација од 86, а во Италија – 91 отсто, додека кај нас е 41 процент.

– Вакцини има и се безбедни. Низ државата има околу 40 вакцинални пунктови и доволно е граѓаните само да пристапат и се вакцинираат, изјави вчера Сали.

Според министерот за здравство Беким Сали, иако сме во преговори со „Фајзер” не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита на здравјето.

– Изразивме иницијален интерес дека сакаме да пристапиме кон преговори за набавка на лекот, но кога ќе биде тоа не можам да прецизирам. Изразивме интерес и пристапивме конкретно кон следна фаза на преговори и договор за набавка, изјави вечерва Сали во гостувањето на телевизија Канал 5.

Досега во земјата вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 282.147. Бројот на оздравени пациенти е 261.741, а на починати 8.658. Бројот на активни случаи изнесува 11.748.

Според податоците од Министерството за здравство во последните 24 часа регистрирани се 1.554 нови случаи на ковид-19, од кои околу 13 проценти или 216 се реинфекции. Истовремено, оздравени се 1.843 пациенти и пријавени се 34 починати лица.

Од вкупно починатите 34 лица, половината или 18 се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи или 55 проценти се во во Скопје – 6 456.

Потоа следат Битола –  584, Куманово – 537, Кавадарци –  511, Тетово –  449, Велес –  348, Прилеп – 337, Охрид –  278, Струмица –  277, Гостивар –  290, Неготино –  174, Гевгелија –  170, Кочани – 147, Штип – 147, Кичево – 138, Радовиш – 111, Струга – 104, Валандово – 97, Свети Николе – 85, Ресен – 72, Делчево и Богданци по 67, Крива Паланка – 62, Дебар – 33, Виница – 31, Кратово – 30, Демир Хисар –  27, Македонски Брод – 24, Берово –  22, Демир Капија – 19, Македонска Каменица –  14, Крушево – 12, Пробиштип и Пехчево по 11 и Дојран шест активни.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

18,506 raste aktive me coronavirus në Kosovë

Story i radhës

Buzët humbasin ngjyrën me kalimin e kohës, çfarë duhet të bëni sipas dermatologëve?

Të fundit nga