d0b2d0be d0b7d0b5d0bcd198d0b0d0b2d0b0 d0b8d0bcd0b0 d0bfd0b0d180d0b0d0bbd0b5d0bbd0bdd0b8 d180d0b5d0b3d0b8d181d182d180d0b8 d0b7d0b0 d0b1 61fa5ba6ea175

Во земјава има паралелни регистри за броење на починатите од ковид-19, зашто некои болници доцнат со пријавувањето

February 2, 2022
1 minut lexim

Во земјава нема манипулација со бројот на починати пациенти од ковид-19 и се што излегува како податок е поткрепено, тврди за „Слободен печат“ директорот на Институтот за јавно здравје доктор Шабан Мемети. Во вчерашната статистика на починати од ковид-19 која Министерството за здравство им ја испрати на медиумите, регистрирани беа 23 починати претходниот ден, и 12 починати од системот „Мој термин“, кои починале во деновите претходно. Оттука се наметнува прашањето, зошто постојат паралелни регистри на починати и зошто пријавените од вториот регистар, односно оној на „Мој термин“, задоцнето се прикажуваат во јавноста?

-Не може да има манипулација од сериозни институции како Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и „Мој термин“. Но во делот на пријавувањето на починатите, факт е дека има застој во административниот пристап на одредени болници и затоа имаме паралелни регистри, за лицата кои во меѓувреме починале од ковид-19, а отпосле биле пријавени, објаснува за „Слободен печат“ директорот на ИЈЗ професор Мемети.

Утринава во гостување на Утрински Брифинг, доктор Злате Мехмедовиќ на прашањето за високата смртност во нашата земја од ковид одговори:

-Има статистики кои се водени од претходната комисија за заразни болести кои сериозно ќе ги разгледаме, затоа што да, имаше манипулација со бројките, но апсолутните бројки укажуваат на тоа дека сме на 6 или 7 место по смртност.

Мехмедовиќ меѓутоа, објасни дека не станува збор за манипулација од страна на Комисијата во однос на фактичката бројка, туку станува збор за начинот на кој се интерпретираат бројките во јавноста.

Долго време се разговараше на темата дека во ковид евиденцијата се водат и починатите од друга болест или несреќен случај кај кои е посмртно докажан присуство на коронавирусот, а тоа може да биде и причина за големата смртност, и тоа е нешто за што ќе се отвори дискусија на Комисијата за заразни болести. Комисијата за заразни болести водела точна евиденција согласно препораките на СЗО за смртноста и не станува збор за манипулации на тие бројки, туку за манипулациите и дезинформациите во јавноста поврзани со смртноста за која основната причина е ковид. Зборот манипулација беше погрешно употребен и требаше да биде дообјаснет, на Комисијата за заразни болести и се извинувам за недоразбирањето, напиша Мехмедовиќ.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

RENT A CAR

nje njesi zgjedhore pa prag per te pasur perfaqesim te te gjitheve ne kuvend 61fa5b6ff18ec
Story i mëparshëm

Një njësi zgjedhore pa prag për të pasur përfaqësim të të gjithëve në Kuvend

xherdan shaqiri ka disa fjale pas mbremjes se madhe 61fa5c589081a
Story i radhës

Xherdan Shaqiri ka disa fjalë pas mbrëmjes së madhe

Të fundit nga

ShkoLartë