ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто Ковачевски не носи маска на седниците на владата

„За една недела поради Ковид заразата починаа 150 жртви. Владата нема план за заштита на здравјето“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив вистинските прашања се: Зошто владата крена раце и државата ја пушти во слободен пад во борбата против ковидот? Зошто нема план и чекори во насока на превенција и заштита на новиот бран кој одзема животи? Владата може ли да препознае која е стратегијата која се презема за да се намали бројот на заразени? Зошто Ковачевски не ги почитува протоколите и нема маска на групните состаноци на владата? Зошто наместо на помош на здравствениот сектор, владата е фокусирана на тендерите и матните бизниси?“, прашуваат од партијата на Мицкоски.

Според нивните оценки во неделата кога како што велат починале 150 луѓе од коронавирус поминале сомнителни тендери од 1 милион евра на транспортна фирма за местење на колектори во МВР и 4 милиони евра за анонимна фирма за набавки на ДУИ во МОН, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Nga Arta Marku te Gent Ibrahimi/ Presidenti zbulon emrat e 10 aplikantëve për vendin vakant në “Kushtetuese”

Story i radhës

Shefik Duraku braktis Ziadin Selën dhe ASH-në

Të fundit nga