ВИДЕО | Циговски: Успешна зимска сезона во Маврово, голем број домашни и странски туристи на ски терените

January 28, 2022
1 minut lexim

За оние кои што ги сакаат зимските спортови и снегот ова е најубавиот дел од годината особено оваа, бидејќи снегот барем што се однесува на врнежите на повисоките места и во скијачките центри во земјава го добивме во доволни количини за да може да се ужива во него.

Секако тој е добредојден и за успешна туристичка сезона, а годинава може да се каже дека барем за сега интересот е голем, особено за време на викендите кога и најголем дел од граѓаните на Скопје во обид накратко да избегаат од градот на чист планински воздух се упатуваат токму кон овие центри.

За тоа каква е туристичката сезона, која е туристичката понуда во моментов, има ли слободни места во капацитетите за сместување, во Утрински брифинг разговаравме со директорот на ски центарот „Маврово“, Огњан Циговски.

-Може да кажеме дека на повидок е најуспешната сезона последниве 10-15 години, од причина што снегот дојде порано, со скијање се започна во средината на декември и ладното време овозможи Ресорт „Маврово“ да направи вештачки снег кој заедно со природниот снег ги прави стазите да бидат навистина идеални за скијачите, вели Циговски.

Според него, Маврово е водечки скијачки центар во земјава од неколку причини.

– Маврово предничи од од самата организација, од самиот систем на правење на вештачки снег, од инфраструктурата – трите жичари, 11 ски лифтови. Оваа година може да се пофалиме и со новиот реторан кој се наоѓа на врвот на скијалиштето со капацитет од 300 места за седење и околу 1000 за седење надвор. Се направи убав, грандиозен објект потпомогнат од ЕУ и самата посетеност укажува дека тоа навистина бил правиот потег на ресорт „Маврово“, како инвестиција за оваа скијачка сезона, вели Циговски.

Најголема посетеност има за викендите, а продолжениот зимски распуст за учениците придонесе кон зголемувањето на бројот на туристи во Маврово како и поради пандемијата луѓето сакаат да престојуваат на отворено, а снегот е идеален избор.

-Може да забележиме дека оваа година навистина сместувачките капацитети се исполнети, како хотелските така и приватните. За викендите имаме 2500 до 3500 посетители, така што освен незначителна гужва на паркингот на другите места немаме гужва, вели Циговски.

Тој нагласи дека Маврово го посетуваат освен домашни и странски туристи, сезонава претежно од јужна Србија и од Русија.

Маврово не е само зимски туристички центар туку е посетено и во текот на летната сезона.

-Наша интенција е Маврово да функционира 12 месеци во година, рече директорот Циговски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Këto vende do të mbesin sot pa rrymë

Story i radhës

Influencerja më e re në Instagram është vajza e Manjola Nallbanit

Të fundit nga

ShkoLartë