Ѓорчев предлага МАНУ и УКИМ да се вклучат во дебатата за Бугарија

1 minut lexim

Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, смета дека треба да се оствари една широка дебата за спорот со Бугарија, во која би биле вклучени и други важни институции и личности од земјава.

-МАНУ и УКИМ треба да се вклучат и тоа треба да биде преку Собранието. Исто така треба и Друштвото на писатели, луѓе кои се битни чинители во македонското општество, рече Ѓорчев во гостувањето на ТВ24, додавајќи дека нашиот Устав го дозволува.

Тој додаде дека ова треба да биде налик на ситуацијата во Бугарија, каде се развила широка општествена дебата со вклучување на интелектуалците, Академијата на науките и медиумите и се дефинирале црвените линии со Македонија.

-Мораме да зборуваме отворено и искрено, рече Ѓорчев во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Bashkia e Shkupit: U pastrua plotësisht deponia e paligjshme në bregun e lumit Vardar në komunën e Gazi Babës

Story i radhës

​Këto janë gjashtë skuadrat që kanë siguruar 1/8-tën e finales në Kupën e Afrikës

Të fundit nga