Шоферот е виновен за автобуската несреќа, заклучија бугарските истражители

January 25, 2022
1 minut lexim

Истражниот тим во Бугарија кој спроведе истрага за несреќата на автобусот на „Беса транс“ на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 луѓе, ја заврши истрагата. Заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов рече дека заклучокот на истражителите е дека возачот на автобусот, кој исто така загина, е виновен за несреќата.

„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, изјави Сарафов, според Дневник.бг.

Обвинителот вели дека по ова, останува да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.

Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Веднаш по ударот, автобусот се запали, а во страотниот пожар загинаа 45 луѓе, Само седуммина од патниците ја преживеаја несреќата.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Mbushet Reparti Infektiv në Gostivar

Story i radhës

​Kanadaja po tërheq familjet e stafit diplomatik nga Kievi

Të fundit nga

ShkoLartë