На првиот денешен час со физичко присуство среќни беа и децата и наставниците, изјави министерот за образование, Јетон Шаќири во гостувањето на емисијата на „Емисија 200“.
Тој ги повика сите вклучени во образовниот процес, вклучително и учениците, наставниците и родителите максимално да придонесат наставата да продолжи со физичко присуство.
-Денеска видов ученици од основно образование кои уживаа што се вратија во училишните клупи. Видов и наставници кои исто така беа среќни што се повторно во училиштата. За мене е многу важно сите да бидеме заштитени во рамките на протоколите што ги имаме, вели Шаќири.
Тој е свесен за последиците од пандемијата во областа на образованието, но се надева дека со поголема посветеност и придонес на наставниците оваа состојба ќе биде надмината.