Шаќири – Адеми: Образованието треба да ги пресретне брзите промени на современиот свет

February 10, 2022
1 minut lexim

Образованието треба да биде визионерско, тоа од нас го бараат сегашните генерации кои ќе бидат граѓани на иднината. Заложбите за образование кое ќе ги пресретне, прифати и примени брзите научно-технолошки иновации и промени ни се заеднички, се согласија актуелниот министер за образование и наука Јетон Шаќири и поранешниот Арбер Адеми.

Како што соопшти МОН, на денешната средба, на која присуствуваше и Еркан Арифи, градоначалник на Липково, се разговараше за активностите кои претстојат пред Министерството за образование и наука како и за капиталните инвестиции во образовната инфраструктура.

-Адеми, кој е актуелен пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ, нагласи дека посебно го радува што министерот Шаќири продолжува со промовирањето на средното стручно образование, активност што заедно со Владата почна во неговиот мандат. Тој изрази подготвеност да му помогне на министерството во процесите на јакнење на дуалното образование, затоа што квалификувањето на младите за полесно вклучување на пазарот на труд е од исклучителна важност, наведува МОН во соопштението.

Двајцата соговорници разговараа и за реформите во основното образование и за важноста од продолжувањето на процесите за осовременување на наставните програми, како и за унапредувањето на процесот на инклузија.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

​192 pacientë po trajtohen nga Covid-19

Story i radhës

LSDM: Dy paga minimale janë të mjaftueshme për mbushjen e shportës minimale

Të fundit nga

ShkoLartë