По барањето на Бугарите, побарувачката на различни заедници за влегување во Уставот е многу голема и треба да видиме кој сѐ смета дека треба да влезе во Уставот како делови од народи и малцинства. Кај нас се користи политички кореектни термини како „дел од народ“ или „етнички заедници кои не се мнозинство“. Терминот „дел од народ“ не би можел да функционира како термин само за Ромите и Власти, оти нема држава во околината во која тие се мнозински народ, коментира проф. д-р Љубомир Фрчкоски, декан на Универзитетот ФОН за Утрински брифинг.
Отворањето на Уставот сега повлекува и други барања поврзани со Уставот. Отварањето на Уставот е тешка работа и не може да се прави во секое време. Според Фрчкоски добро е сите барања поврзани со Уставот да се стават наеднаш на маса и да се реши таа работа.
-Албанците со барањето за укинување на квотата 20 отсто, сакаат да постигнат рамноправност на албанскиот и македонскиот јазик. Но, не може сега да се менува Охридскиот договор. Дури сега ќе видат Македонците колку за Македонците е добар тој Охридски договор, вели Фрчкоски.