Од први февруари скопјани ќе може да ги платат долговите за вода без камата

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известуваат граѓаните на град Скопје, дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 01.02.2022 заклучно до 15.03.2022.

-Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката престанува да важи, велат од претпријатието. 

-Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите, додаваат оттаму. 

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје може да ги контактирате преку фејсбук страницата или на телефонските броеви на информативниот центар. 

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Në Shkup mbi 190 gjoba për shkelje të rregullave në trafik

Story i radhës

Фрчкоски: Македонците допрва ќе видат колку Охридскиот договор е добар за Македонците

Të fundit nga