Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук објави фотографии од пристигнувањето и првата средба со бугарскиот колега Кирил Петков. Тој му се заблагодари на домаќинот за срдечниот пречек во Софија.
„Од денеска ја започнуваме дводневната посета на Република Бугарија каде утре ќе одржиме меѓувладина седница. Благодарност до премиерот Петков за срдечниот пречек со највисоки државни почести“, напиша Ковачевски.