Училишта, градинки и улици – Градоначалникот на Бутел ги најави следните проекти во општината

1 minut lexim

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека општината инвестирала 3.000.000 милиони денари во клоновите во детската градинка „11 Октомври“ со што, како што рече, се подигна квалитетот и условите во детската градинка.

-Опремени се 10 занимални со комплетно нови столчиња и масички, нови подлоги, шкафчиња, нови дидактички играчки. Исто така набавени се и нови специјализирани интерактивни табли за децата во градинките. Изградено е и посебно детско игралиште наменото за двата клона во населеното место Бутел 1, рече Костовски.

Тој потсети дека во Општина Бутел следи градежна експанзија и реализација на многу нови проекти.

-Нема да биде заборавено ниту едно населено место на територија на Општина Бутел. За 18 месеци од сега ќе биде завршено училиштето во Визбегово, оваа година ќе започне и со изградба детската градинка „Св. Климент Охридски“. Но она што сакам да го истакнам е дека се обезбедени средства за доградба во ООУ „Ацо Шопов“, рече тој. 

Граѓаните на Бутел ќе добијат и целосна реконструкција на улица Бутелска, а во текот на оваа година и реконструкција на улица Радишанска. Во текот на оваа година, покрај тековното чистење, ќе се започне и со уредување и изградба на речното корито на река Серава во должина од 1 километар во населеното место Радишани, вети првиот човек на општината. 

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Mitrovica dhe Skenderaj pa ujë derisa të paguhen borxhet e rrymës ndaj KESCO-s

Story i radhës

Железничкиот сообраќај се нормализира, исплатен вториот дел од платата за декември, бојкотот е прекинат

Të fundit nga