Учениците од едно училиште од Ѓорче Петров ќе посетуваат настава онлајн

January 31, 2022
1 minut lexim

Во тек се градежни зафати во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во скопската општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот Александар Стојкоски информираше дека се врши реконструкција на подовите во ходниците на долниот кат, а следните чекори се целосно реновирање на тоалетите и изградба на тоалет за деца со посебни потреби и поставување на нова енергетски ефикасна фасада. 

Дел од учениците од ова училиште настава ќе посетуваат онлајн. 

-Напорно работиме на подобрување на условите за изведување на воспитно-образовниот процес согласно најсовремени стандарди во училиштата и ќе продолжиме во таа насока. Поради овие зафати, наставата почнува утре со физичко присуство за децата од прво до трето одделение, додека децата од четврто до деветто одделение во ова училиште ќе имаат он лајн настава со донесена одлука од училишниот одбор, а во согласност со општина Ѓорче Петров. Оваа одлука е со времетраење од 30 дена и за истата е информирано и ресорното Министерство, инфомрираше Стојкоски. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

​Zbulohet pllaka me emrin e heroit Zahir Pajaziti në shkollën që mban emrin e tij

Story i radhës

ВИДЕО | Ковачевски-Пич: Поддршка од Лондон за развојот на Северна Македонија

Të fundit nga

ShkoLartë