ВИДЕО | Ковачевски-Пич: Поддршка од Лондон за развојот на Северна Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски остварил средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич на која е разговарано за натамошниот развој на билатералните односи меѓу двете држави.

– Специјалниот пратеник на Обединетото Кралство, инаку поранешен шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство и командант на Воениот комитет на НАТО, ја пренесе силната посветеност на Лондон за евроатлантската интеграција на Западен Балкан, како и на поддршката на неговата земја за промовирање силни, стабилни демократски институции и отворени општества, информира владината прес-служба.

Ковачевски го истакнал како значаен придонесот на Обединетото Кралство за поддршката на Северна Македонија и на Западен Балкан во унапредувањето на условите за безбедност, стабилност и просперитет во земјата и во регионот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Учениците од едно училиште од Ѓорче Петров ќе посетуваат настава онлајн

Story i radhës

943 vaksina anti-COVID u administruan në 24 orët e fundit në Kosovë

Të fundit nga