Стојкоски и Арсовска во Кучково закројуваа лозје по повод празникот Свети Трифун

February 14, 2022
1 minut lexim

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, закројуваа лозје близу црквата Свети Трифун во Кучково по повод денешниот празник – Свети Трифун кој се смета за заштитник на лозарите. 

-Чинот претставува желба за бериќетна и плодна година со желби за род на грозјето. По повод денешниот празник беше одржана и богослужба во црквата. Свети Трифун е поим за младост и доследност кон христијанските традиции. Црквата го чествува неговиот ден како ден на лозарите и градинарите. Овој ден за жителите на Кучково и околината е особено значаен и претставува вековна традиција која во иднина заеднички ќе ја негуваме. Нека е за многу години денот!, порача Стојкоски. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Salianji: Ja provat që lidhin qeverinë me kanabizimin e vendit

Story i radhës

Deputetët do të bëhen me telefona të ri, do të shpenzohen afro 200 mijë euro për dy vite

Të fundit nga

ShkoLartë