Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вечерва во гостувањето во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 рече дека наставата со физичко присуство е многу напред во однос на онлајн наставата, во однос на социјализацијата и комуникацијата со наставниците, пишува 24.мк.
„Ние како синдикат, следејќи ги бројките на новозаразени који се во нагорна линија, пред сѐ ја поздравивме одлуката на МОН за одложување на почетокот на второто полугодие и очекувавме поддршка за нашата иницијатива да се отпочне со онлајн настава барем две недели, додека не паднат бројките. Дали ќе има промени не знам, ако бројките повторно одат нагоре, ќе инсистираме на онлајн настава заради безбедност пред сѐ на нашите членови и на децата“, вели Неделков.