d181d0bed0b2d0b5d182d0bed182 d0bdd0b0 d0bed185d180d0b8d0b4 d0bdd0b5 d0b3d0bbd0b0d181d0b0d188d0b5 d0bfd0be d0bed181d0bfd0bed180d0b5d0bd 6204e7c418170

Советот на Охрид не гласаше по оспорените точки за легализација на објекти на крајбрежјето на Охридското Езеро

February 10, 2022
1 minut lexim

Советот на Општина Охрид денеска поради технички причини ја прекина седницата на која меѓу другото требаше да се расправа и одлучува по предлог-одлуки за легализација на дивоизградени објекти на потегот на крајбрежјето на Охридското Езеро, како и во опфатот на Нацоналниот парк „Галичица”.

Предлог-одлуките за легализација беа оспорени од страна на еколошките движења, со забелешка дека се работи за легализација на објекти во строго заштитената зона за која има забрана за легализација.

Од Граѓанската иницијатива „Охрид SOS” пред седницата се огласија со предупредување до советниците дека мора да се запознаени со статусот на крајбрежјето, а тоа е дека во подготовка е Урбанистички план за крајбрежје со кој ќе се утврдат границите на крајбрежниот појас и согласно тоа, условите за планирање.

-Дотогаш, било какви постапки во насока на поголема урбанизација во најосетливите предели околу езерото, може да се сметаат само за спротивни на Планот за управување. Уште поважно, ваквата легализација е спротивна на препораките на УНЕСКО, при што за нелегалните градби треба да се изработи Оцена за влијанието врз животната средина и Оцена за влијанието врз културното наследство и согласно тоа, да се одлучува дали објектот може да се легализира или не, потенцираат од „Охрид SOS”.

Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, за медиумите по прекинувањето на седницата на Советот истакна дека сите предмети што се доставени до Советот да одлучува по нив се во согласност со Законот за легализација на бесправно изградени објекти, а за нив позитивно мислење е добиено и од Националниот парк „Галичица” и ресорното Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Од комисиите на местото се констатирани објектите и состојбите, од архитектите е утврдено дека сите се надвор од зоната од 50 метри, така што сите предмети што се доставуваат до советниците на одлучување се во согласност со Законот и Планот за управување со културното и природното наследство на Охридскиот регион, рече Китески.

Инаку, членот 5 од одлуката на Советот на Општина Охрид од минатиот месец вели дека „постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти времено се прекинуваат во крајбрежниот појас на Охридското Езеро дефиниран со Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион со Акциски план (2020-2029) и во рамките на Студенчишко блато – согласно ГУП на Охрид, УЗ 17 УБ 17.1 (строго заштитена зона-Студенчишта)”.

Од „Охрид SOS” посочуваат дека во крајбрежниот појас од 50 метри што е назначен во Планот за управување до донесувањето на Урбанистичкиот план за крајбрежје, секако не дозволува ниту изградба, најмалку легализација.

-Истиот појас е заштитен и со Закон за водите. Така што одлуката на Советот, доколку се земат само 50-те метри е бесмислена и не значи ништо за заштита на вредностите на регионот, велат од „Охрид SOS”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

RENT A CAR

d0b4d0b5d182d181d0bad0bed182d0be d0bad0bdd0b8d0b6d0b5d0b2d0bdd0be d0bad0b0d182d187d0b5 d181d0b5 d183d0bdd0b8d188d182d183d0b2d0b0 d181 6204e786deadb
Story i mëparshëm

Детското книжевно катче се уништува со графити: „Ако толку ти се пишува, напиши книга“

LAZIM DESTANI
Story i radhës

Lazim Destani për vizitë në OEMVP

Të fundit nga

ShkoLartë