Поради ковид-пандемијата и непредвидени трошоци, се одложи доизградбата на кружната градина во Волкови.
-Договорот е склучен на 26.7.2021 година во вредност од 7.019.050 денари. Со овој договор треба да се финансира едно ниво на лифтот, скали во атриумот, дел од изолаторските , како и дел од ѕидарски работи, лантерно уредување, потпорен ѕид за оградата и оградата околу градинката, дел од електротехничките инсталации, домофонијата, громобранска инсталација, дел од атмосферската канализација и слично – објаснија од локалната самоуправа.
Во декември бил направен анекс на овој договор, а со оглед на тоа што се работи со модерни градежни материјали, не се прават компромиси за квалитетот на изградбата и реализацијата на овој препознатлив специфичен објект.