Екипите на Град Скопје почнаа со финално асфалтирање на булеварот АСНОМ на потегот кај Ист Гејт.
Овие градежни активности се дел од проектот за изградба и пробивање на булеварот АСНОМ низ Керамидница кон Аеродром.
-Со овој инфраструктурен зафат ќе се реши проблемот со коловозот кој претходно беше во лоша состојба. Поради градежните активности, сообраќајот ќе се одвива отежнато, за што замолуваме за трпение и поголемо внимание од страна на учесниците во сообраќајот, велат од Град Скопје.