d181d0b0d0bbd0b8 d0bdd0b5d0bcd0b0 d0bfd0bed182d180d0b5d0b1d0b0 d0bed0b4 d0b4d0bed0bfd0bed0bbd0bdd0b8d182d0b5d0bbd0bdd0b8 d180d0b5d181 61f3fc7b33ab3

Сали: Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, има намалување на бројот на новозаболени

January 28, 2022
1 minut lexim

Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки до следниот состанок на Комисијата за заразни болести бидејќи во последните два дена има намалување на бројот на новозаболени, смета министерот за здравство Беким Сали.

Во изјава за медиумите, Сали вели дека според податоците на Институтот за јавно здравје што на дневна основа ги добиваат, пандемијата во земјава дава знаци на стивнување и секој ден има намалување на бројот на новоинфицирани и на хоспитализирани.

– Сѐ е под контрола. Нема потреба од дополнителни мерки. Во Косово се преземени порестриктивни мерки бидејќи епиделошкоската состојба почнала да се влошува и тоа е локална политика. Ние такви рестриктивни мерки немаме и засега нема потреба, меѓутоа секоја одлука е неделна. До следниот состанок на Комисијата за заразни болести нема да има потреба од нова мерка, но се надевам дека и граѓаните ќе бидат претпазливи и вакцинацијата ќе расте, изјави денеска Сали, одговарајќи на новинарски прашања.

Во моментот, како што истакна, нема потреба и од отворање на модуларните болници. Денеска е отворен ковид центарот на Клиниката за неврологија, а од вчера функционира и ковид центарот на Клиниката за кожни болести.

– На ниво на држава се трудиме пациентите да бидат згрижени на ниво на болниците. Од минатата недела се преземени мерки да се зголеми бројот на кревети што значи отворање на капацитетите кои претходно беа ковид центри. Од модуларните болници засега нема потреба, рече Сали.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во моментот во земјава во 90 проценти е присутен сојот омикрон, а во 10 проценти делта сојот.

Боледувањето на оние пациенти кои ќе имаат симптоми и по седмиот ден ќе го регулираат матичните лекари, односно доколку имаат симтоматологија на вирусот, ќе им се продолжи боледувањето по автоматизам за уште три дена.

– Нашата служба „Мој термин” ги извести сите матични лекари како да се евидентираат овие случаи. Епидемиолошки тие се водат од матичните лекари и на седмиот ден доколку имаат покачена температура или некоја друга симтоматологија, по автоматизам им се продолжува периодот на самоизолација до три дена. Матичниот лекар го регулира боледувањето, вели Сали.

Во однос на тоа дали се размислува за намалување на трошоците за тестирање, министерот посочи дека е арзговарано со сите чинители кои влијаат врз цената и оти очекува позитивен одговор од нив.

Прашан за транспаретноста на Комисијата за заразни болести која неколку месеци нема одржано прес-конференција, Сали со став дека Комисијата секогаш била транспарентна и нејзините одлуки и се познати на јавноста.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

RENT A CAR

d0b3d0b5d180d0b0d181d0b8d0bcd0bed0b2d181d0bad0b8 d181d0be d0bdd0b0d0b3d180d0b0d0b4d0b0d182d0b0 d184d0b5d0bdd0b8d0bad181 61f3fc4398a05
Story i mëparshëm

Герасимовски: Со наградата „Феникс“ ги поддржуваме центарци на нивниот пат кон успехот

durres arrestohen dy administratoret e kriptomonedhave 61f3fcf4086d4
Story i radhës

Durres: Arrestohen dy administratorët e kriptomonedhave

Të fundit nga

ShkoLartë