Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки. Веќе десет дена има благо зголемување на бројот на хоспитализирани, а тоа значи дека сме во тек со состојбата, ја контролираме и со капацитети на кревети кои ги има сосема доволно и од аспект на кадар сме сосема доволно добро организирани. Така што нам ни останува само да чекаме да се намалува бројот. Има благо намалување на бројот од аспект на новоинфицирани. Вака како што сме продолжуваме.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека засега не се планира укинување на ковид сертификатите.
– Според епидемиолошката состојба, во државата има многу мал број вакцинирани, а се уште продолжува пикот на четвртиот бран. Не можеме да зборуваме за намалување на рестриктивните мерки, додаде Сали, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за детски болести каде девојче успешно е излекувано од акутна леукемија.
Извор: МИА