Ретроградни сили сакаат да го попречат процесот со Бугарија, вели Ковачевски

February 8, 2022
min lexim

Комуникацијата со Република Бугарија во одреден период беше сведена на комуникација меѓу пропагандисти кои креираа јавно мислење, доминантно во медиумите кое градеше недоверба меѓу државите, но и меѓу граѓаните на двете земји, рече вечерва премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Алсат.

По формирањето на двете влади, во Северна Македонија и во Бугарија, и по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје, како што рече Ковачевски, било договорено да се отвори нова страница во разговорите.

– И јас и претседателот на бугарсата влада и членовите на владата веројатно бевме водени од тоа да отвориме дијалог кој ќе ја врати позитивната атмосфера, но ние бевме свесни дека веднаш ќе се јават ретроградни сили кои ќе гледаат да го попречат тој процес. Тие сили кои ги има и во едната и во другата држава своето политичко битисување го темелат на овој проблем. Бидејќи, ако не постои проблемот тие не можат да постојат како политичка парадигма, тоа сме го имале во минатото. Како се отворија разговорите, веднаш се отворија теми и провокации кои ги гледаме кои се случуваат и кои гледаат да не се дојде до решение, смета Ковачевски.

Според него, мнозинството од граѓантие и во двете држави сакаат да се изнајде решение, бидејќи, како што рече, Република Северна Македонија го залужува датумот за преговори со ЕУ.

– Доколку сакате да решите отворено прашање мора да комуницирате. Не може само со обвинувања, како што имавме изминатиот период. Тоа мора да биде комуникација во која може да се видат бенефитите од двете страни и да се врати довербата меѓу нив, рече Ковачевски.

За решавање на спорот, додаде, постојат различни прашања кои треба да бидат решени меѓу двете држави.

– Ќе видиме што е прифатливо за двете страни, тоа решение кое ќе биде прифатливо за двете страни ќе биде споделено со институциите на двете држави и со оние кои ќе треба да носат одлуки, решението треба да се базира на европски вредности и на почитување на граѓаните на двете држави и почитување на достоинството, истакна Ковачевски.

Според него, постои можност двата процеса – интеграција на Северна Македонија и преговорите да се водат паралелно.

– Јас искрено се надевам дека тие можат да одат паралелно, но тоа ќе зависи од договорот кој ќе биде постигнат, доколку биде постигнат. Јас сум за брзо решение ние треба да ги опточнеме побрзо преговорите, но не сум за избразни решенија, рече Ковачевски.

Тој вели дека тоа што било договорено на заедничката седница во Софија веќе се исполнува.

– Покрај овие прашања таму беше присутна и Историската комисија која работи врз основа на своја методологија, во неа учествуваат не политичари, туку историчари, со која копретседаваат двајца професори по историја од двете држави кои јавно истакнаа дека ќе ја забрзаат работата на комисијата и дека таа работа ќе биде со видливи резултати при што очекувањата беа дека историските прашања треба да бидат мост кон иднината, а не да биде нешто што ќе создава раздор и тоа е нешто што сите го очекуваат, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека со Бугарија воопшто не се водат разговори во однос на основните прашања коишто го засегаат македонскиот народ.

– Што значи дека јазикот на држвава и идентитетот по сите основи на македонскиот народ воопшто не се предмет на разговори со Република Бугарија, рече Ковачевски додавајќи дека кога станува збор за вклучување на други заедници во рамки на Уставот тоа е процес во кој самите заедници што живеат во оваа држава можат да го побараат.

Тоа, вели Ковачевски, се спроведува врз основа на уставни измени и е процес што трае подолго, во кој се вклучени повеќе институции, вклучително и Владата и Парламентот и претседателот на државата итн.

– И низ една поширока дебата, бидејќи се вклучуваат и експерти кога се прават уставни измени, тоа може да се отвори како прашање и потоа низ дебата и низ нормално двотретинско мнозинство во Парламентот, треба да се дојде до такво решение. Меѓутоа тоа е барање кое треба да произлезе од граѓаните кои живеат во оваа држава, заклучи премиерот.

Тој смета дека секој процес кој предолго трае може да влијае негативно на поддршката од граѓаните, но за среќа, како што нагласи, истражувањата на јавното мислење кај нас потврдуваат дека мнозинството од граѓаните верува во европската иднина на државата.

– Исто така и партиите кои се дел од коалицијата сите имаат став дека единствениот пат на нашата држава е интеграција во ЕУ, рече Ковачевски, изразувајќи надеж дека и опозицијата ќе покаже конструктивен став, рече премиерот.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Arben Taravari i kërkon falje babait të Ëmblës

Story i radhës

Kujdes mos mashtroheni: Në emër të Postës u kërkohen para qytetarëve për dërgesa që asnjëherë si kanë porositur

Të fundit nga

ShkoLartë