Пожар во близина на трафостаницата на МЕПСО во Пинтија веројатно е причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија.
Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА.
На твитер веќе е објавен видео на кое се гледа пожарот:
Пола Скопје и околината без струја … Трафостаницата Пинтија во пламен pic.twitter.com/cy7utSVBob
— Лешник (@leshnice) February 13, 2022
Градоначалникот на општина Кисела Вода веднаш излезе на терен со цел расчистување на причините за пожарот кој предизвика прекин на струјата во Скопје.