d0bfd0b5d180d0b8d0bdd181d0bad0b8 d0b3d180d0b0d193d0b0d0bdd0b8d182d0b5 d0b4d0b0 d198d0b0 d0b8d181d0bad0bed180d0b8d181d182d0b0d182 d0bc 61fa77cb56bc4

Перински: Граѓаните да ја искористат можноста за плаќање на сметките за вода, без камата

February 2, 2022
1 minut lexim

image 157992

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, во текот на денешниот ден во изјава за утринската емисија на Сител ТВ, Ја сакам Македонија посочи дека ЈП Водовод и канализација – Скопје, воспостави пракса за воведување на акции за наплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање, кои се спроведуваат неколку пати во годината во определен временски интервал.

Новата акција започна денес, 01.02.2022 и е со определен временски период, односно до 15.03.2022. Имајќи ги предвид социјалниот и економскиот статус на граѓаните, како и здравствената криза, а во последниот период и економската и енергетската криза, ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно ја активираше оваа мерка, со цел олеснување на условите за наплата за време на ценовните шокови.

Перински истакна дека оваа мерка е ефикасно решение со кое на должниците им се олеснуваат условите за отплата на заостанатите долгови, но и решение за зголемување на наплатата во претпријатието, со што се зголемува и ликвидноста и одржливоста.

Освен можноста за отплата на долговите без пресметка на камата, корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност и да склучат договори за плаќање на рати, најмногу до 24 рати, во зависност од големината на самиот долг.

Перински ги повика сите корисници, физички и правни лица, да ја искористат оваа можност за сервисирање на своите долгови, и апелираше за почитување на мерките и протоколите при посетите на претпријатието, додавајќи дека мерката и одлуката за исплата на долговите без камата не важи за институциите од јавниот сектор. 

skopjeinfo.mk

MARKETING

RENT A CAR

a do te ndryshojne masat anti covid ne shqiperi 61fa76ac3e182
Story i mëparshëm

A do të ndryshojnë masat anti-COVID në Shqipëri?

d0bad0bed0b2d0b0d187d0b5d0b2d181d0bad0b8 d0b4d0be 2023 d0bdd0b0d0bcd0b0d0bbd183d0b2d0b0d19ad0b5 d0bdd0b0 d0bfd0b5d180d181d0bed0bdd0b0 61fa77cd9ce62
Story i radhës

Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти

Të fundit nga

ShkoLartë