Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти

До 2023 година предвидуваме намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој сектор каде од ден во ден се потребни се повеќе работници, најави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој денеска беше во посета на „Меџикс”, стартап компанија основана од младата претприемачка Катерина Здравевска со користење на мерката за самовработување на Министерството за труд и социјална политика.

Премиерот објави дека до 2023 година се предвидуваат низа стимулативни мерки во ИКТ секторот освен намалување на персоналниот данок од сегашните 10 отсто на 0 отсто, ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата.

Ковачевски, информираат од владината прес-служба, и посака големи успеси на компанијата специјализирана за примена на алгоритми од вештачката интелигенција, подвлекувајќи дека претприемачите имаат силна поддршка од Владата која ќе продолжи да вложува во перспективните компании.

-Финансиската поддршка на Владата во перспективни компании и стартапи во ИКТ секторот ќе продолжи и ќе расте. Секое ново работно место во оваа индустрија значи добро платена позиција, сигурна кариера и развој на младите и конечно развој на економијата и раст на животниот стандард во земјата, истакна премиерот Ковачевски, со кого во посета на „Меџикс” беа и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати.

Ковачевски истовремено изрази задоволство од резултатите на Оперативниот план за вработување со искористеност од преку 92 проценти, што, како што наведуваат од Владата, потврдува дека парите правилно се вложуваат. Исто така, обуките за развој на дигитални вештини имаат 100 проценти реализација, а 400 невработени лица се стекнале со дигитални вештини благодарение само на оваа мерка.

-Заради ефикасноста и големиот интерес минатата година, во 2022 го креиравме Оперативниот план во износ од 28 милиони евра. Тој е за 230 милиони денари повеќе од минатата година, подвлече премиерот Ковачевски.

ИКТ секторот во Северна Македонија, наведуваат од Владата, во последните години бележи постојан раст во однос на бројот на компании и вработени, раст на извозот и на приходите. Нашите заложби насочени кон натамошно подобрување на условите за работа и растот на оваа индустрија ги преточивме во конкретни мерки на барање на секторот.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Перински: Граѓаните да ја искористат можноста за плаќање на сметките за вода, без камата

Story i radhës

Arrestohet personi që kërcënoi Joveskin dhe Ruskovskën

Të fundit nga