Пендаровски: Нема одлука за воено учество во Украина, во АРМ процедурално е подигнато нивото на борбена готовност

Република Северна Македонија, како дел од НАТО, учествува во процесот на планирање заедно со останатите членки за начините како Алијансата да се постави кон тензиите кои се зголемуваат во тој регион. Инаку, НАТО нема донесено одлука за воено инволвирање во евентуален конфликт, туку станува збор само за задолжителна процедура за кревање на нивото на мобилност во ситуација на зголемени тензии во регион кој граничи со неколку членки на Алијансата“, се вели во одговорот од Кабинетот на Стево Пендаровски испратен до „Слободен печат“, по однос на изјавите на министерката за одбрана Славјанка Петровска дека нашите институции во целост ги следат случувањата во и околу Украина коишто се поврзани со поставувањето на руските вооружени сили на границата со Украина. Таа истакна дека „ако НАТО побара, можно е АРМ да се вклучи во евентуалниот руско-украински конфликт“.

– Морам да напоменам дека во целост ги поддржуваме напорите кои се одвиваат во рамките на НАТО Алијансата и ОБСЕ за надминување на оваа ситуација. Ова поставување на вооружените сили сметаме дека е провокативно и дестабилизирачко дејствување коешто всушност ја намалува безбедноста на европскиот континент – изјави министерката Петровска за ТВ 24.

Таа потенцираше дека Република Северна Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Петровска посочи дека земјава недвосмислено го поддржува и почитува Вашингтонскиот договор, како и сите фундаментални договори и документи, кои ја гарантираат безбедноста на Европа.

– Како држава членка на НАТО, ги повикуваме сите земји истото тоа да го направат, затоа што не мислиме дека разгорување на било каков конфликт може да допринесе со било што во подобрување на сегашната ситуација. Напротив, дијалогот и дискусиите треба да бидат, пред се, во интерес на сите нас – изјави министерката Петровска.

Министерката за одбрана нагласи дека е можно македонската армија да се вклучи во евентуалниот воен конфликт меѓу Русија и Украина, доколку тоа од нас го побара НАТО. Ваквиот потег би бил можен само со согласност од врховниот командант на армијата, претседателот Стево Пендаровски, нагласи таа.

– Ангажманот на нашата армија се дефинира на конференција за генерирање на сили кои се оддржуваат под Врховна команда на сојузничките сили на НАТО за Европа и секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно можностите. Во моментов имаме обврска и изготвуваме анализи за можноста за потенцијално наше учество во можната деескалација на ситуацијата. Одлуката после ја носи Владата, но и претседателот како врховен командант, рече Петровска во интервју за ТВ Телма.

Инаку, американскиот Стејт департмент им нареди на семејствата на вработените во американската амбасада во Киев да ја напуштат Украина поради можна руска инвазија. На несуштинскиот дел од персоналот исто така му е советувано да си замине, како и на сите американски граѓани кои се наоѓаат во Украина. Вашингтон предупреди да не се патува во Украина и Русија поради постојните тензии во регионот и можноста за вознемирување на американските граѓани, посочувајќи дека руската инвазија може да се случи во секој момент.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Инспекторатот на Град Скопје изврши 18 надзори на терен по основ на комунални и други такси

Story i radhës

FBK dhe Peja, të enjten shpalosin të gjitha detajet

Të fundit nga