Пандемијата во земјава дава знаци на стивнување, сметаат надлежните, активни 17.182 случаи

January 29, 2022
min lexim

Дополнителни рестриктивни мерки засега нема, а доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, ќе бидат преземени мерки, најави вчера министерот за здравство Беким Сали.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје во државава има 17.182 активни ковид случаи од кои најголем број 8.755 се во Скопје. При направени 5.834 тестови регистрирани се 1.908 нови случаи со ковид-19, 22 починати и 1.129 оздравени пациенти.

– Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки до следниот состанок на Комисијата за заразни болести, бидејќи во последните два дена има намалување на бројот на новозаболени. Според податоците на Институтот за јавно здравје што на дневна основа ги добиваме пандемијата во земјава дава знаци на стивнување и секој ден има намалување на бројот на новоинфицирани и на хоспитализирани. Се е под контрола. До следниот состанок на Комисијата за заразни болести нема да има потреба од нова мерка, но се надевам дека и граѓаните ќе бидат претпазливи и вакцинацијата ќе расте, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања.

Во моментот, како што истакна тој, нема потреба и од отворање на модуларните болници. Вчера е отворен ковид-центарот на Клиниката за неврологија, а од завчера функционира и ковид-центарот на Клиниката за кожни болести.

–  На ниво на држава се трудиме пациентите да бидат згрижени на ниво на болниците. Од минатата недела се преземени мерки да се зголеми бројот на кревети што значи отворање на капацитетите кои претходно беа ковид центри. Од модуларните болници засега нема потреба, рече Сали.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во моментот во земјава во 90 проценти е присутен сојот „омикрон”, а во 10 проценти „делта” сојот.

Боледувањето на оние пациенти кои ќе имаат симптоми и по седмиот ден ќе го регулираат матичните лекари, односно доколку имаат симтоматологија на вирусот, ќе им се продолжи боледувањето по автоматизам за уште три дена.

– Нашата служба „Мој термин” ги извести сите матични лекари како да се евидентираат овие случаи. Епидемиолошки тие се водат од матичните лекари и на седмиот ден доколку имаат покачена температура или некоја друга симтоматологија, по автоматизам им се продолжува периодот на самоизолација до три дена. Матичниот лекар го регулира боледувањето, посочи Сали.

Во однос на тоа дали се размислува за намалување на трошоците за тестирање, министерот посочи дека е разговарано со сите чинители кои влијаат врз цената и оти очекува позитивен одговор од нив. Прашан за транспаретноста на Комисијата за заразни болести која неколку месеци нема одржано прес-конференција, Сали со став дека Комисијата секогаш била транспарентна и нејзините одлуки и се познати на јавноста.

Тој упати порака дека вакцинацијата е најдобриот начин за заштита на здравјето на населението.

– Во нашата држава граѓаните имаат потреба од дополнителна акција, односно стимулирање на вакцинирањето затоа што не можеме да кажеме дека сме задоволни од сегашниот процент на вакцинирани за да пристапиме кон либерализација на заштитните мерки а од Ковид-19, истакна Сали по посетата на вакциналниот пункт на Економскиот факултет во Скопје, каде ја прими третата доза вакцина.

Прашан како ќе ја врати довербата кај граѓаните во вакцините, кога меѓу починатите има и вакцинирани и оти кај нас не се одвојуваат пациентите починати од ковид-19 и оние со ковид-19, министерот рече методологијата кај нас за разлика од околните држави има поинаков пристап и не треба да не збунува зошто кај нас има над 8 000 починати од ковид-19, а во другите држави се помалку.

– Морам да напоменам дека во интерес на транспарентноста, уште од смиот почеток нашите институции сакаа да прикажат колку се починати од последици од Ковид-19. Факт е дека Ковидот самиот по себе е комплициран и е мултиоргански фактор за отежнување на состојбата на еден пациент, а нормално, може да биде и причините за смрт, рече Сали.

Во врска со второто полугодие во училиштата тој посочи дека ќе започне со физичко присуство бидејќи, епидемиолошката состојба го дозволува тоа, а Министерството за здравство ќе прави случаен скрининг меѓу учениците.

– Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент, затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерството ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки, рече Сали.

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” вчера соопшти дека упатила барање до Владата и Комисијата за заразни болести со цел, како што наведуваат, да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство на учениците.

– Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава, најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, стои во барањето од „Меѓаши”.

Синдикатот за образование, наука и култура завчера побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство. Сметаат дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени треба да се започне со онлајн настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство.

За иницијативите на групи родители кои најавуваат дека ќе ги пуштат децата без маски на училиште, министерот Сали вели дека тоа се неофицијални иницијативи. Од Министерството апелираат на почитување на мерките како носење маски, држење соодветно растојание и честа дезинфеција.

Што се однесува до состојбата со Ковид-19 во регионот и во другите земји, се уште има зголемување на бројот на активни случаи и на починати.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Sot hapet edhe një qendër testimi për COVID-19 në Prishtinë

Story i radhës

“Mos thuaj kot dua finale për femra”- Donald Veshaj e thotë hapur: Nuk jam dakord të shkoj në finale me njerëzit që nuk e meritojnë

Të fundit nga

ShkoLartë