Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заедно со учениците од ООУ Гоце Делчев во Љубанци одбележаа врвен државен јубилеј, 4 Февруари или 150 години од раѓањето на столбот на македонската нација Гоце Делчев.
-Гоце Делчев е Македонија. Гоце Делчев е срцето на идејата за Македонија, тој преку ВМРО постави, зацврсти и се пожртвува за слободна и самостојна држава Република Македонија. Длабок поклон и вечна слава Војводо! – порача Костовски.