Не се размислува за задолжителна вакцинација, туку како таа да се поттикне, велат од Комисијата за заразни болести

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ денеска на прес-конференција посочи дека не се размислува за задолжителна вакцинација, туку Комисијата разговарала како е можно да се поттикне вакцинацијата, со цел создавање колективен имунитет.

– Се разговараше на таа тема како е можно да се поттикне вакцинацијата. Се размислува во насока на тоа да има и централизирана кампања за да може да имаме малку поорганизиран пристап до начинот со којшто допираме до граѓаните, за да им објасниме кој е бенефитот од вакцинацијата. Од друга страна, се размислува и за такви групи односно за оние што ни се најпроблематични. Пред се, тука треба да ги споменеме оние кои имаат сериозни коморбидитети, заболувања коишто ја влошуваат ситуацијата кога ќе имате ковид-19 пропратен како на еден од ризик-факторите којшто може да даде тешка клиничка форма на болеста или којшто може да даде смртен исход. Тие таргет групи сега се сериозно во фокусот, вели Мехмедовиќ.

Тој додаде дека се разработува брза стратегија која што ќе даде сериозен акцент на вакцинација за да се подигне колективниот имунитет.

Во однос на извештајот кој беше презентиран од Институтот за јавно здравје каде е направена анализа на сите случаи на хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во периодот од 1 до 31 јануари за 2022 година, претседателот на Комисијата Александар Петличковски вели оти тој имал за цел да ги потврди ризиците за смрт и хоспоталицација не само по однос вакциниран, туку колку време поминало после вакцинацијата.

– И ако по таа основа сметаме повеќе од шест месеци поминато време, ефикасноста на вакцината не е истата со три месеци после вакцинацијата, затоа се издвоени во таа анализа и тие податоци, вели тој додавајќи дека 97 отсто се намалува ризикот за смрт и 91 отсто рзикот од хоспиталицација ако вакцината е примена во последните три месеци, или доколку се работи за вклучена трета доза, рече тој.

Петличковски кажа дека во светот за заокружен циклус на вакцинација се однесува или на три дози или на две дози со прележаност, а трите дози даваат 95 отсто гаранција за заштита од смрт.

Во однос дали Комисијата размислува за ограничување на сертификатите за втората доза, по примерот на ЕУ, Петличковски одговори потврдно.

– Јасно ни е дека треба да се движиме накај трета доза. Во Англија, на пример, над 65 проценти од населението, имаат примено трета доза. Кај нас тој процент е околу пет. Значи тука имаме дупка и нашиот фокус е таа дупка е да ја пополниме. И таму ќе се насочиме, да стимулираме, поттикнуваме вакцинација со трета доза, вели Петличковски.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

МВР и ОЈО работат на расчистување на причините за вчерашната сообраќајка пред Влада

Story i radhës

ISHP Maqedoni: Javën e kaluar gati 10 mijë raste dhe 147 persona të vdekur nga virusi

Të fundit nga