МВР и ОЈО работат на расчистување на причините за вчерашната сообраќајка пред Влада

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека во координација со Јавното обвинителство интензивно работи на расчистување на случајот и утврдување на причините за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Владата на Република Северна Македонија.

– Како што веќе информиравме, вчера околу 19:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Св.Климент Охридски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Ј.Б.(38) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. За несреќата се известени дежурен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот: алкотестирање, обезбеден видео запис од безбедносните камери, изјави од сведоци итн, соопштуваат од МВР.

Како што посочуваат од МВР, во најбрз можен рок случајот ќе биде расчистен и јавноста ќе биде соодветно известена.  

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Komisioni Hetimor për Inceneratorët/ Tabaku evidenton shkeljet për impiantin e Fierit

Story i radhës

Не се размислува за задолжителна вакцинација, туку како таа да се поттикне, велат од Комисијата за заразни болести

Të fundit nga