Наскоро ќе намалува цената за паркирање во Скопје

1 minut lexim

Директорот на скопското Јавно претпријатие „Градски Паркинг“, Бојан Христовски, на прес-конференција објави дека нивниот управен одбор, по иницијатива на градоначалничката Данела Арсовска, донел одлука за намалување на цената на паркирање во Скопје од 1 март.

Христовски информираше дека Зона А0 од 100 се намалува на 75 денари. Во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час.

„Со усвојување на оваа одлука, а среде економска криза, кога цените растат, Јавното претпријатие Градски Паркинг им излегува во пресрет на барањата на граѓаните за поевтин паркинг во градот, го реализира она кое е ветено пред скопјани“, посочи Христовски.

Тој истакна дека во план на претпријатието е да се реализираат и нови катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода, со што, смета Христовски, ќе се овозможи паркирањето во Скопје не само да биде поевтино, туку да биде и подостапно за граѓаните.

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Kjo është gjendja e rrugëve në Kosovë

Story i radhës

ВМРО-ДПМНЕ бара да се намали бројот на пратеници на 90 за функционална демократија

Të fundit nga