Без никакви потешкотии започна второто полугодие во сите шест основни училишта во општина Ѓорче Петров, информираше првиот човек на општината, Александар Стојкоски.
-Генерално, здравствената состојба на вработените во училиштата и на учениците е добра, а објектите се навремено обезбедени со греење. Пристигнаа и учебниците кои недостасуваа за прво одделение „Математика втор дел“ и навремено се дистрибуирани до училиштата, додава Стојкоски.
Тој порача дека наставниците се подготвени со своите програми и планирања за реализација на наставниот процес.
-Училиштата веќе изготвија и полугодишни извештаи кои ќе бидат разгледани на Комисијата за образование при Советот на општината, извести градоначалникот.