Министерство за правда: „Негативно мислење“ е грешна формулација во предлог Законот за граѓанска одговорност

Формулацијата во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење”, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа, информираат од Министерството за правда.

Од Министерството за правда, посочуваат дека целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање.

Оваа реакција на Министерството за правда доаѓа по посочувањата на адвокатската фела и граѓани преку социјалните мрежи на овој дел од предлог Законот за граѓанска одговорност дека станува збор за „цензура на мала врата“ и воведување „вербален деликт“.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Се санираат оштетените булевари низ градот Скопје

Story i radhës

Shtyhet debutimi i Albin Tahirit në LOD, shkak erërat e forta

Të fundit nga