Маричиќ е позитивен на коронавирусот, нема да оди во Бугарија како дел од владината делегација

January 24, 2022
1 minut lexim

Започнуваме со нова динамика и отвораме нова можност со Република Бугарија, на еден поинаков начин на меѓусебна комуникација и соработка, од која очекуваме унапредување на односите и надминување на разликите во интерес на граѓаните на двете земји, напиша денес вицепремиерот Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил.

– Давам целосна поддршка на процесот на продлабочување на соработката на сите нивоа и во сите области, како и зближување на двата народи, преку видливи резултати од функционирањето на работните групи.

Јас нема да бидам дел од владината делегација, поради позитивен тест на Ковид – 19 и покрај тоа што немам никакви симптоми, правилата наложуваат изолација.

За жал, нема да сум присутен и на првиот состанок на заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики со која јас копретседавам, но останувам во комуникација со колегите Грковска, Нуредини и Алити, како и со моите бугарски колеги околу деталите и заклучоците од средбата, стои во неговата објава.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Скопје доби Градски eко совет – Зелен совет на Град Скопје

Story i radhës

Për çfarë duhet t’i marrë leje Luana mbesës së saj Marget?

Të fundit nga

ShkoLartë