Кој ќе дојде на училиште без маска, ќе се врати дома

January 26, 2022
1 minut lexim

Директорите на основните училишта нема да ги пуштаат на час учениците кои ќе се појават без заштитна маска. „Слободен печат“ стапи во контакт со повеќе директори од Скопје кои се едногласни и стојат на ставот дека мора да се почитуваат насоките од институциите, според кои е донесена одлука наставата да се одвива со носење заштитни маски.

– Ние постапуваме според насоки од Министерството за образование и наука. Не смееме да дозволиме родителите да го креираат начинот на одвивање на наставата. До овој момент кај нас нема стигнато никаква петиција, ниту барање од родителите за дозвола за влез на нивните деца на настава без заштитни маски, рече директорка на основно училиште од Општина Центар.

На сличен став е и директорка на училиште од Бутел.

–  Ние сме должни да ги почитуваме законите. Комисијата за заразни болести ја донесе одлуката, а МОН истата ја прифати. Нема простор за дискусија на оваа тема. Ако родителите не сакаат нивните деца да носат маски, нека побараат да им се одобри онлајн настава, рече директорка на училиште од Општина Бутел.

И во Кисела Вода ќе се почитува одлуката на училиште да се оди со заштитни маски.

– Досега во училиштата не се пристигнати барања за присуство на настава без маски, сметаме дека второто полугодие ќе започне без проблеми, односно со почитување на протоколите, велат од Општина Кисела Вода.

Од друга страна, родителите кои се дел од движењето „Стоп за носење маски на училиште“ веќе неколку дена најавуваат дека второто полугодие за нивните деца ќе почне без маски. Трајче Петковски кој е иницијатор на ова движење вели дека во училиштето каде настава посетува неговото дете, десет класа се договориле и испратиле известување до директорот дека ја бојкотираат одлуката на Комисијата.

–  Вчера добив десетици барања за пристап до документот со кој се известуваат директорите на училиштата дека учениците ќе одат на училиште без маски. Имаме сто процентна согласност од родителите. Од моите информации речиси и да нема училиште каде нема да стигне вакво известување. Деновиве чекам повик за состанок со министерот за здравство, по што очекувам конечно да се вразумат надлежните и да ја променат одлуката, објаснува Петковски.

Од Министерството за образование и наука не добивме одговор дали планираат да испратат допис до директорите на училиштата како да реагираат во случај на бојкот непочитување на одлуката за носење заштитни маски.

www.slobodenpecat.mk

MARKETING

MARKETING

RENT A CAR

MARKETING

Story i mëparshëm

Сообраќајка во Лисиче – еден починат, тешко повредена малолетничка

Story i radhës

Shaqiri: Deri në fund të javës do të ketë vendim për fillimin e mësimit në shkolla

Të fundit nga

ShkoLartë