Ковачевски: Се покажува дека со Петков го одбравме вистинскиот пристап

min lexim

Денешниот собир само потврдува дека со бугарскиот премиер Кирил Петков го одбравме вистинскиот пристап и начин кога кажавме дека ќе дадеме политичка иницијатива, но дека сепак организациите коишто се дел од секторите за коишто ние разговаравме се тие коишто треба да ја водат дебатата и коишто треба да направат мостови помеѓу деловната заедница, образовните институции, студентите, граѓаните воопшто, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво”.

– Ми претставува задоволство да се обратам на оваа конференција. Тоа задоволство се должи на концептот на конференцијата, дефиниран во нејзиниот назив БГМ 2030, граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво. Идејата на конференцијата се совпаѓа со идејата за динамично, новото динамично придвижување на односите меѓу Република Бугарија  и Република Северна Македонија, истакна Ковачевски.

Тој рече дека неговата намера и намерата на Петков е да отворат најшироко поле за соработка меѓу голем број на засегнати страни во општествениот живот.

– Граѓанскиот придонес, придонесот на Академијата и соработката на високообразовните институции се еден важен елемент во тој процес. Точно е дека испишувањето на новите страници, на односите меѓу двете земји, е поставена на високо ниво и тоа на ниво на влади. Но, јас и премиерот Петков, ја презедовме иницијативата процесот да се води инклузивно од надолу кон горе, односно проектите за унапредување на соработката и на пријателството помеѓу народите на двете земји да дојдат од тие кои се директно засегнати за нив и кои ќе бидат директно задолжени за нивно спроведување, посочи премиерот Ковачевски.

Тој потенцира дека му е драго што практично во истата недела на одржувањето на заедничкиот состанок на владите на двете земји во Софија, веќе се одржува еден собир на којшто е присутна академската заедница, на кој се присутни професори и студенти и има размената на мислена и знаења за она што е современо општеството и она што може да донесе нов импулс не само во односите помеѓу двете држави, туку и во унапредување на квалитетот и професионалните перформанси на студентите.

– Тој разговор да доведе до градење на доверба, која што доверба ќе доведе и до резултати на политичко поле коишто ќе значат унапредување и на соработката, меѓутоа и унапредување на процесите и политички и општествени помеѓу нив. Јас немам сомневање дека тој процес ќе ја обнови атмосферата на доверба и пријателство и дека тоа ќе биде силен поттик да се отворат вратите за заедничко прифатливо решение за отворените политички прашања, особено оние кои се однесуваат на деблокирање на процесот на финализирање на постапката за нашето членство во ЕУ, додаде Ковачевски.

Тој нагласи дека заедничката седница на Владите на двете земји на почетокот на оваа недела во Софија и со посетата на премиерот Петков и неговата делегација на Скопје една недела претходно, направен е голем исчекор во унапредувањето на билатералните односи.

– Таму каде има политичка волја и идеја за прогрес, разликите многу полесно се надминуваат. Заедно отворивме и искрен и посветен дијалог за стабилност и развој на двете држави, поттикнавме продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу нашите две земји. Двете влади се определија да водат политика на градење на мостови, а не политика на градење на ѕидови помеѓу граѓаните на двете држави. Со тоа двете држави покажуваат одговорност кон своите граѓани, за постигнување достоинствени решенија за двата народи, за подобрување на животот на граѓаните во двете држави, потенцира македонскиот премиер.

Ковачевски нагласи дека е постигната согласност Скопје и Софија заедно да спречуваат недобронамерна пропаганда, доколку се појави внатре во државите и заедно да се справуваат со говорот на омраза и да го поразат национализмот.

– Реформски определените влади во Скопје и Софија се посветени на отворање на нови перспективи за развој и напредок на односите меѓу двете земји. Веќе се организира и нова ваква средба која што ќе биде помеѓу деловните заедници во која што организација учествуваат ресорните министерства на Република Бугарија и на нашата земја во областа на економијата и финансиите и на која што ќе учествуваат сите стопански комори од двете држави преку свои претставници, која што средба ќе се случи исто така во Скопје, а додека другите ресорни групи ќе работат и во Скопје и во Софија, зависно од тоа каде ќе бидат локациите на самите состаноци, истакна Ковачевски.

Според него, граѓаните и политичарите кои меѓусебно се разбираат и кои низ дијалог ги разрешуваат разликите, отвораат простор таа искреност и доверба да ја посветат на заедничките цели.

– Уверен сум дека тие пораки ќе бидат испратени од оваа ваша конференција. Уверен сум дека академските заедници и граѓанските организации се силни канали за комуникација на тие пораки. Исто така, верувам дека тоа може да биде секој човек секој граѓанин кој верува во европската идеја и во заедничката европска иднина на  Република Северна Македонија и Република Бугарија, нагласи премиерот Ковачевски во обраќањето на конференција БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво”, организирана од Renew Europe и Американски Универзитет на Европа – ФОН.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Ветеното наскоро реалност – Од први март поевтин паркинг во Скопје

Story i radhës

Meta nostalgjik për Korçën: Ah sikur të isha sot atje

Të fundit nga