Ветеното наскоро реалност – Од први март поевтин паркинг во Скопје

Директорот на ЈП Градски Паркинг Бојан Христовски на денешната прес-конференција истакна дека Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје донесе одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје која ќе важи од први март.

-Со усвојување на оваа одлука, а среде економска криза, кога цените растат, Јавното претпријатие Градски Паркинг им излегува во пресрет на барањата на граѓаните за поевтин паркинг во градот, го реализира она кое е ветено пред скопјани, вели Христовски.

Тој истакна дека нивната цел како преттпријатие е со нивните одлуки секогаш првенствено да бидат транспарентни во нивното работење. да бидат во служба на граѓаните и да ги реализираат правовремено барањата на граѓаните на Градот Скопје.

-Реализацијата на ова ветување е показател дека тоа што се ветува, треба и се исполнува, имено продолжуваме и понатаму активно да работиме во насока на реализација на програмските проекти коишто се во интерес на граѓаните, а се во план да се реализираат во наредниот период, тука би ги истакнал нови катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода, со што ќе се овозможи паркирањето во Скопје, не само да биде поевтино туку да биде и подостапно за граѓаните на Скопје, вели Христовски.

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Ndërmarrjet e Maqedonisë me borxhe të larta

Story i radhës

Ковачевски: Се покажува дека со Петков го одбравме вистинскиот пристап

Të fundit nga