За еден месец шест казни за диви превозници во Скопје

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот и во текот на изминатиот месец проверени се 18 превозници од кои на 6 им се изречени казни.

Воедно екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатата недела извршија засилени контроли на терен за почитување на комуналниот ред и јавната чистота, и изречени се 3 казни за прекршување на Законот за јавна чистота.

Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини.

Неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, велат од Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Story i mëparshëm

Jetulla Qerimi flet për vdekjen e vëllait të tij: Kemi dyshime, për shkak të padrejtësisë 13 vjeçare që na e ka bërë shteti

Story i radhës

Дарко Каевски избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Të fundit nga