Малолетни деца биле физички нападнати, а нивните мајки го пријавиле случајот во полиција.
На 03.02.2022 во 17.50 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.С.М.(42) и И.Т.(46), двете од Скопје, пријавиле дека околу 13.00 часот на паркинг просторот на Автобуската станица, под Железничката станица, нивните малолетни синови биле физички нападнати од неколку лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.