Добрите примери се клучот за решавање на билатералните прашања, рече бугарскиот европратеник Ќучук пред споменикот на Гоце Делчев

Настаните и личностите од минатото се паметат по влијанието што го имаа врз општеството и животите на луѓето, а Балканот е регион полн со историски настани и треба да се гордееме со нашите херои, бидејќи тие дадоа многу за Европа и светот, рече Илхан Ќучук, европратеник од Бугарија и постојан известувач за Северна Македонија во ЕУ, по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, откако положи венец на неговиот споменик во Скопје.

Тој на настанот беше придружуван од неговиот советник за надворешна политика Валентин Тончев и пратеничката на ЛДП во македонското Собрание, Моника Зајкова.

– Таков бил Гоце Делчев, неуморен бранител и револуционер кој го дал животот за слобода и еднаквост. Му благодариме за неговите дела и заедно да му оддадеме чест и почит за сето она за што се борел, истакна Ќучук.

Во текот на денот тој учествуваше на отворањето на канцеларијата на Бугарската телеграфска агенција (БТА) во Северна Македонија, на кое присуствуваше и бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, заедно со заменичката-министерка Велислава Петрова.

На настанот присуствуваа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.

– Ова е добар ден за бугарско-македонските односи, бидејќи добрите примери доаѓаат до израз и верувам дека тие се клучот за решавање на билатералните прашања. Ние немаме интерес да градиме дополнителни ѕидови меѓу нашите земји. Договорот меѓу МИА и БТА е партнерство според европски стандарди, што ќе даде можност за размена на цврсти и веродостојни информации за луѓето да можат да научат повеќе едни за други, рече Ќучук.

www.slobodenpecat.mk

Story i mëparshëm

Две деца физички нападнати кај Железничка станица

Story i radhës

Gjykata jep vendimin për Saimir Tahirin, ja dënimi që do të vuajë ish-ministri i Brendshëm

Të fundit nga